26 Ноември, 2024
0.0286

НЕ ГИ ПРОВЕРУВАЈТЕ БАДИЈАЛА РАДИЈАТОРИТЕ - парно нема да има ни денеска, ни во следниве денови

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ако некои граѓани се понадеваа дека утрово можеби ќе се разбудат со топли радијатори, таа желба не им се оствари.

И покрај тоа што од вчера, според новите правила, имаше хипотетичка шанса да се пушти топлинска енергија во домовите, тоа не се случи. А, има и објаснување зошто. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, за Фактор објаснува кои правила важат сега.

Имено, почнувајќи од први па се до 15 октомври, има можност да се пушти толинска енергија, но само доколку Регулаторната комисија за енергетика добие известување од Управата за хидрометеоролошки работи дека во текот на утрешниот ден надворешната дневна просечна температура ќе биде под или 12 степени целзиусови.

„Еве на пример, ние денеска добивме известување од УХМР дека утре надворешната дневна просечна температура ќе биде 14 степени целзиусови, што значи дека утре наутро (денеска – н.з), нема да биде пуштена топлинска енергија кај потрошувачите“, објасни вчера првиот човек на РКЕ за Фактор.

А како се пресметува средната температура? УХМР се раководи од прогнозата за следниот ден, и тоа за 24 часа, со тоа што ги собира очекуваните температури за секој час, и потоа збирот го дели со 24, со што се добива средната дневна просечна температура.

За денес пресметале дека средната температура ќе изнесува 14 степени целзиусови, што значи дека не се исполнува условот да се пушти парно кај корисниците.

Такви известувања регулаторите ќе добиваат секој ден, почнувајќи од завчера, па се до 15 октомври.

„Секој ден ќе чекаме известување за утрешниот ден од УХМР, и во зависност од тоа ќе се раководиме дали снабдувачте утредента ќе треба да испорачаат топлинска енергија. Тогаш кога ќе ни кажат дека утрешниот ден прогнозата ќе биде 12 и под 12 степени целзиусови, утредента ќе има парно“, објаснува Бислимовски.

Како што е познато, до пред извесен период важеше правилото парно да се пушти доколку прогнозата е три дена по ред под 12 степени целзиусови во вечерните часови, но сега, како што вели Бислимовски, се применува ново правило, а тоа е со средната дневна температура. Според него, ова се направило со цел да се заштити интересот на граѓаните, односно да не се чека три дена за да се пушти парно ако е ладно, туку таква одлука да се носи ден за ден.  

Онака како што сега стојат прогнозите, парно нема да има ниту во следните денови, бидејќи од денес па во следните пет-шест дена ќе има значајно повисоки температури.

Некои граѓани деновиве се пожалија дека наутро и навечер им е ладно дома, поради пониските температури, а парно нема. Но, Бислимовски тврди дека се досега до Регулаторната комисија за енергетика немало ниту една забелешка од граѓани дека им е ладно и да бараат да се пушти парно.

„Само за потсетување, минатата година кога БЕГ во овој период го пушти парното, имавме голем број поплаки од граѓани дека им е топло, и не критукуваа зошто пуштаме парно, кога надвор се високи температурите“, вели Бислимовски.

А веќе од 15 октомври, нема да се гледа средната температура, туку парното ќе си биде регуларно пуштено, бидејќи тогаш и официјално стартува грејната сезона.

Инаку, пред неколку дена регулаторите седнаа на заедничка маса со снабдувачите на топлинска енергија - Снабдување со топлина БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север.

„БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона. Две опции се можни во однос на почетокот на грејната сезона. Според првата, грејната сезона започнува на 15 октомври и трае до 15 април наредната година. Според втората опција, по исклучок, снабдувањето може да започне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква од 12 степени целзиусови, според податоците на УХМР“, изјави тогаш Бислимовски.

Тогаш беше соопштено и дека до 31 октомври поедноставени се условите за исклучување на корисниците на топлинска енергија од системот, чии што станови се празни, односно не се користат. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!