НЕ МОЖЕ НАСИЛНО ДА СЕ ИЗБРКААТ:Тошковски вели дека во кругот на Вардариште живеат над 200 луѓе
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 11:04
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги повика надлежните институции да излезат на терен и да ги извршат потребните проверки во работењето на компаниите кои се занимаваат со еколошки отпад
- Должни се да излезат и да ги посетат сите легални и диви депонии. Да видат не само дали имаат дозвола за работа. Да видат дали постапуваат согласно дозволата за работа, дали постапуваат согласно професионални стандарди, дали постапуваат согласно законски прошишаните правил на игра,дали постапуваат според подзаконските акти,како треба да се чува тој отпад, како треба да се складира, како треба да се уништува, во кои периоди треба да се постапува,итн,
Да си ја работеле тие работата како што требало немало да дојде до ова. Реткост е во Македонија да се постапува согласно сите професионални стандарди. Инспекторати, дирекции и други инволвирани институции должни се да излезат на терен и да проверат Максимално да се вклучат во сите нивни надлежни дејствија согласно закон. Факт е дека институциите се дерогирани повеќе од 30 години во Македонија, вели Тошкосвки на денешниот настан при посетата на „Макстил“ каде се уништуваше оружје и наркотици.
За пожарот во Вардариште, тој рече дека од МВР ќе бидат вклучени максималните набљудувачки капацитети. Рече дека во кругот на Вардариште живеат над 200 луѓе и дека тие не може насилно да се избркаат.
- Во среде дива депонија живеат над 200 луѓе. Потпалувањата се сторени од жителите, покажуваат индициите. Не можеме да спречиме луѓето да влегуваат во тој периметар. Таму треба системско решение и да им се најде место на живеење на тие луѓе,а просторот да се исчисти, кажа министерот.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




