Не очекува топол викенд, какви ќе бидат температурите?
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 09:40
Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе имаме претежно умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне ќе следи намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди, ветровито и потопло време.
Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат благ пораст и ќе достигнат до 6 односно до 17 степени.
Во Македонија во четврток претпладне ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне се очекува намалување на облачноста и ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 18 степени. Во петок и сабота по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време. Во петок минималните температури ќе се движат од -5 до 4 степени, а максималните од 8 до 18 степени, додека пак во сабота утринските од -4 до 5 додека пак дневните од 10 до 20 степени. Во недела во Македонија повторно се очекува зголемување на облачноста, но ќе продолжи натпросечно топлото време, минималните температури од -3 до 6 степени, додека пак дневните од 11 до 21 степен.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




