19 Декември, 2025
0.1010

Не правете други планови за 25 ноември - Skopje City Mall Ве чека на шопинг !

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2016 11:05

Добивај вести на Viber

Во петок, на 25 ноември нашиот најголем трговскицентар повторно ќе обезбеди одлични услови за шопингпред новогодишните празници, во рамките на акцијата Black Friday. Речиси 90% од закупците ќе понудат попусти за купувачите, кои ќе се движат од -20% до -70% на одредени артикли или пак на цел асортиман.

За разлика од традиционалните Black Friday акции во Америка каде најголемиот акцент на попустите се става на белата техника, акциите на локалите во Skopje City Mall се послични на концептот кој се практикува во Европа, каде се обезбедуваат големи попусти на текстилни производи.

Нашата цел е да овозможиме најдобри услови за незаборавен шопинг за сите посетители.Така, во петок, локалите ќе обезбедат специјални попусти на денот кој во светот стана синоним за ден за шопинг со попусти. Напорно работиме со закупците изминатите години координирано, транспарентно и организирано за да ги спроведеме овие акции“ – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

По големата посетеност и заинтересираност за Black Friday во изминатите 2 години, од менаџментот на трговскиот центар велат дека очекуваат уште поголем број на посетители кои ќе купат сè што им е потребно, по одлични цени. За таа цел, оваа година попустите кои ќе бидат дел од акцијата Black Friday ќе продолжат да важат во текот на целиот викенд, до 27 ноември. Од компанијата додаваат дека организираат дополнителни интересни активности со кои пријатно ќе ги изненадат посетителите.  


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии