Не салутирајте како нацисти во Германија, ќе ве уапсат
Објавено во: Свет 07 Август, 2017
Двајца туристи од Кина без точно утврдени мотиви се сликале пред Рајстагот на Германија и го прикажале нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“. Тоа го забележала локалната полиција која веднаш ги уапсила.
Во Германија се строго забранети сите симболи на нацизмот вклучувајќи го и поздравот со кој нацистите му салутираа на Хитлер и меѓу себе. Туристите од Кина можеби не се целосно свесни за историскиот контекст и уште помалку дека и самите се припадници на нацистичката идеологија.
Сепак, пуштени се на слобода со кауција од 500 евра и ослободени но, ако им се суди за ваков вид на дело во Германија може да лежат во затвор до 3 години.