НЕ САМО АРСОВСКА, ЦЕЛОТО НЕЈЗИНО СЕМЕЈСТВО ИМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ТВРДИ СДСМ: Шилегов го допре дното, ова е гладијаторска битка на лажни вести, реагира Арсовска
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2021 13:57
СДСМ денеска со
нови докази за бугарското државјанство на независната кандидатка за градоначалник
на град Скопје, Данела Арсовска. На прес-конференцијата што ја одржа
пратеничката, Славјанка Петровска од СДСМ, беше нагласено дека не само таа,
туку дека целото нејзино семејство има бугарско државјанство.
-Денеска објавуваме нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска кој целосно е демаскиран. Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година. Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство. Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред бугарската лична карта на Данела, односно на трети април 2017 година. И неговата исто како и онаа на Данела е се уште важечка. Валидноста, односно веродостојноста на овие документи кои ги објавуваме се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија. Со внесување на датум на раѓање и број на документ, во овој случај двете лични карти, има официјална потврда за нивната валидноста, посочи пратеничката Петровска.
По соопштувањето на овие информации, Патровска апелираше:
-Во недела
да се обиденеме и да гласаме за напредокот, за чесноста и искреноста, за СДСМ. Да не дозволиме луѓе кои вака безочно
лажат додека ве гледаат во очи да го уништуваат главниот град Скопје, да ја
уништуваат нашата татковина, истакна
пратеничката на СДСМ.
На прес-конференцијата на СДСМ, со своја реакција во јавноста излезе независната кандидатка, Данела Арсовска, која рече дека кампањата на нејзиниоит противкандидат, Петре Шилегов го допре дното.
-Ниската
црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство.
Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и
измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на
црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да
биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности. Тоа од друга
страна ја покажува немоќта и очајот во кој се наоѓа
градоначалникот на Скопје Шилегов кој ја загуби поддршката од Скопјани. Навистина
ни е жал што наместо борба за проекти и подобар стандард на Скопјани, гледаме
гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности. Скопје ќе
биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви
од се друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме
сега, потенцираше Арсовска.
Можеби ќе ве интересира
Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана
Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!
Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати
БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“
Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството
Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300
ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело
ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија
Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата





