20 Декември, 2025
0.0395

НЕ СЕ САМО ПАСОШИТЕ - недостасуваат и сообраќајни дозволи

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020 06:50

Добивај вести на Viber

Не само пасоши, во земјава недостигаат и обрасци за сообраќајни дозволи. 

Граѓани кои имале проблем со обезбедување на овие документи, за нашата редакција сведочат дека е многу тешко да се дојде до сообраќајна дозвола.

„На моето барање да ми биде издаде сообраќајна дозвола, ми беше одговорено дека едноставно овие документи сега ги нема, бидејќи недостигаат обрасци. Едвај некако, практично преку извесни ургенции, успеав да дојдам до еден таков документ и да извадам сообраќајна дозвола, за да можам да го регистрирам возилото. Луѓето кои ми помогнаа ми рекоа дека тоа е последната сообраќајна дозвола која некако се зачувала“, велат граѓани за Фактор кои имале таков случај.

Од Министерствоти за внатрешни работи го признаваат проблемот. 

За Фактор извори од Министерството велат дека е точно оти има недостиг, но тврдат дека во случајот со сообраќајните дозволи не станува збор за голем проблем како кај пасошите, туку за повремени „гепови“ кои траат по еден до два дена, кои потоа брзо се надополнуваат.

Најизразен е проблемот на подрачјето на СВР Скопје.

„Конкретно овие денови има недостиг, но од компанијата која ги изработува сообраќајните дозволи ни рекоа дека утре или најдоцна до задутре би требало да пристигнат околу 5.000 обрасци, со што ќе се надмине тековниот недостиг“, објаснуваат извори од СВР Скопје.

Од таму нагласуваат дека пред околу месец и половина проблемот со недостигот од сообраќајни дозволи бил уште повеќе изразен. Но, оттогаш наваму, како што велат од МВР, недостатокот се надминува на тој начин што компанијата која за нив ги изработува дозволите, односно „Бато Дивајн“, почнала сукцесивно да го снабдува министерството со по 10.000 до 15.000 сообраќајни дозволи секоја недела.

„Секоја недела добиваме по околу 10 до 15 илјади обрасци, па се случува некогаш, кога тие ќе се потрошат, да има недостаток во текот на еден или два дена, но потоа проблемот пак се решава со нова испорака. Конкретно сега има таков недостаток, но јас не верувам дека е толку алармантно“, вели наш извор од МВР.

Наши соговорници од Министерството велат и дека до проблемот дошло поради лошо планирање, односно не се нарачувале навреме онолку дозволи колку што биле потребни за тој период од годината.

Инаку, сообраќајните дозволи траат и до осум години, но кога се менува сопственост на возило, односно кога се купува нов или употребуван автомобил, задолжително мора да се промени и сообраќајната дозвола. Всушност, најмногу им требаат сообраќајните дозволи на оние кои препродаваат возила.

Всушност, изворите од МВР објаснуваат дека до оваа „зголемена побарувачка“ за сообраќајни дозволи дошло, меѓу другото и поради зачестените контроли кои ги прават токму од СВР Скопје, а во кои се бара покажување на овој документ.

„Ова особено се случува кај возилата со затемнети стакла. Полицијата нив ги запира и овие возила задолжително ги праќа на атест, затоа што во сообраќајната дозвола треба да стои дека возилото е атестирано. Тоа значи дека треба да се извади нова сообраќајна дозвола и токму овие возила дополнително ја зголемуваат потребата од нив “, велат од МВР. 

Инаку, компанија која МВР ги снабдува со сообраќајни дозволи е домашната „Бато Дивајн“. Од МВР велат дека оваа компанија е избрана на тендер. Фактор вчера доцна попладнето се обиде да оствари контакт со нив преку еден од фиксните телефони кои се оставени на нивната веб страница, со цел да добиеме повеќе објаснувања за овој проблем, но не успеавме, веројатно од причина што веќе беше завршено работното време. Штом го добиеме одговорот, ќе го пренесеме и нивниот став.

А веќе е познато дека големиот недостиг со пасошите доведе до тоа да се стопира аплицирањето за нив, а никој веќе не одговара на телефонските повици доколку сакате да закажете термин. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера изјави дека се останати само уште 3.600 обрасци за патни исправи. Околу 650 граѓани кои од претходно поднеле барање за вадење пасош по итна постапка ќе ги добијат, но 16.500 граѓани ќе мора да ја чекаат испораката бидејќи поднеле барање по редовна постапка.

Предност и приоритет ќе имаат само оние каде што е неопходно издавање на патна исправа за здравствени случаи, односно од медицински причини. Јавното обвинителство отворило истрага и веќе собирале релевантни докази за евентуални злоупотреби во МВР.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки