НЕ СМЕ НОРМАЛНИ: Снегот пак не изненади!
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2017 07:06
Колку и да звучи како клише, но и оваа година снегот повторно како да ги изненади надлежните. И покрај сите најави неколку дена претходно, дека земјава ќе ја зафати поларен бран и дека надлежните дека се веќе подготвени доколку снегот направи проблеми, кога падна снегот граѓаните се уверија во спротивното. Изминато деноноќие многу граѓани и по неколку часа останаа заглавени на патиштата низ земјава. Голем дел од регионалните и од магистралните патиштата беа завеани со снег, неисчистени, поради што имаше редици заглавени, излизгани но и превртени возила .
Од Автомото-сојузот на Македонија вчера вечерта соопштија дека сообраќајот на неколку патни правци во земјава е во целосен прекин поради излизгани и превртени тешки товарни возила.
Најкритично беше на патните правци Скопје - Велес и Велес – Скопје, каде што сообраќајот поради овие причини беше во прекин за сите видови на возила.Од Центарот за управување со кризи соопштија дека причината за прекинот била поради тоа што кај месноста Кула за кратко време наврнало големи количини снег, поради што дошло до заглавувања и излизгувања на дел од возилата. Како што инфомираа од „Македонија пат“ била испратена дополнителна механизација за да се расчисти побрзо снегот и да се стави во функција автопатот. Од ЦУК велат дека екипи на „Македонија пат“ има на 35 пункта низ земјава и го расчистуваат снегот, а сообраќајната полиција е на терен и го регулира сообраќајот.
Поради превртени тешки возила вчера од 19:30 часот во целосен прекин е сообраќајот на патните правци Кавадарци - Неготино и Охрид - Ресен кај превојот Буково .Од АМСМ информираа дека отежнато се одвивал сообраќајот и на патот Струмица –Валандово поради излизгано тешко моторно возило. Во Скопско засега сите патни правци се проодни, освен кон Брест, Малино и Танушевци, а ЈСП Скопје поради лизгавост на коловозите ги има скратено автобуските линии 65в, 47а,160, 74, 80а и 81.
Забрана за тешки моторни возила на планинските превои
Од АМСМ доцна вчера вечер информираа дека поради врнежи од снег забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци Маврово-Дебар, Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, на патниот правец Крива Паланка- Деве Баир, Битола ресен преку планинскиот премин Ѓавато и Ресен-Охрид преку планинскиот премин Буково.
„Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони особено на патните правци Кочани-Македонска каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар –Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен –Буково. Од 15-ти ноември стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година“, стои во соопштението од АМСМ.
Од Градот Скопје соопштија дека екипите на зимската служба на Градот интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите се расчистени и проодни.
„Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и „Мајка Тереза“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камени мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат теренот пред јавните установи, како и градски улици и булевариво сите скопски општини“, информираа од Градот.
Оттаму велат дека од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици. При тоа од градот посочуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Градските власти порачуваат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
Од Упрвата за хидрометеролошки работи најавуваат дека ниските температури и врнежите од снег ќе продолжат и во следниве денови, при што снежната покривка на планините ќе биде над 50 сантиметри, а на пониските места од 10 до 20 сантиметри. Досега најмногу снег има во Лазарополе и Пожаране 39 сантиметри, а најмалку во Демир Капија. Во Скопје мерено на Зајчев рид има наврнато 12 сантиметри снег, и се очекува да достигне околу 20 сантиметри.
Т.С
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




