18 Декември, 2025
0.0500

НЕ СТИШУВА ПАНИКАТА: Дојдете наутро - за два три часа се трошат сите пакети масло за јадење во маркетите

Објавено во: Економија 24 Март, 2022 07:10

Добивај вести на Viber

Утрото се вадат на полици до пладне ги нема. Некои од основните продукти особено маслото за јадење и брашното, тестенините и конзервите ги снемува и во поголемите маркети, а во помалите кои се поретки во дел од урбаните и руралните средини речиси секој ден за само неколку часа се троши целаа набавена количина. Недостигот на масло за јадење и брашно веќе е секојдневие во помалите градови, но деновиве нив навечер ги нема во дел од маркетите и во Скопје. Фактор не успеа да најде масло за јадење во неколку маркети во една скопска населба синоќа во 19 часот. Од маркетите изјавија дека секако им стасуваат помали количини, но и дека маслото за јадење се троши за два три часа.

„Купувачите земаат по цели пакети и количините ги трошиме брзо. Не е дека имаме залихи кои ги криеме туку воопшто немаме. Ако сакате да купите дојдете утре од сабајле, ни рекоа.

Трговците сведочат дека се купува повеќе и од ругите основни продукти, па и тоалетна хартија и некои основни хигиенски продукти, но сепак најмногу масло за јадење, брашно и тестенини. 

На терен се и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Од институцијата велат дека утврдуваат дека трговците не чуваат залихи туку поради побарувачката трошат се што ќе донесат. Моментно прават и врзани контроли, односно прво контролираат производители на еден производ, а веднаш потоа и како тој се продава во малопродажба. Во моментов се контролираат производители на јајца.

Во однос на цените и почитувањето на измените на Законот за ДДВ контролира Управата за јавни приходи. Оттаму вчера изјавија дека завршиле контролите во КАМ маркетите, но ниту една продавница од овој ланец не е запечатена

„УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само КАМ маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во  Законот за данок на додадена вредност, известија од Управата за јавни приходи.

Додаваат дека контролите се вршат без селекција и дека се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје