11 Декември, 2025
0.0338

УЈП НЕ ЗАПЕЧАТИ НИТУ ЕДЕН КАМ МАРКЕТ: Се контролираат и други, некои трговци наплатуваат ДДВ

Објавено во: Економија 23 Март, 2022 14:02

Добивај вести на Viber

Завршила контролата која Управата за јавни приходи (УЈП) ја вршеше во КАМ маркетите, соопштија попладнево од Управата. Тврдат дека не е утврден сторен прекршок и дека ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник. Се соопштува дека освен во КАМ вршеле контрола и во други продавници и поголеми синџири маркети, а кај некои има прекршувања во однос на пресметката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) кој согласно најновите законски измени се пресметува со 0 стапка кај основните производи.

Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само КАМ маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во  Законот за данок на додадена вредност, стои во соопштението од Управата за јавни приходи.

Додаваат дека контролите се вршат без селекција и дека се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%.

Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат  увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето.

Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните, пишува во известувањето. 

Контролата во КАМ маркетите стартуваше од завчера попладнето, а по пријавите дека во нив има залихи на масло за јадење кое се доделуваше гратис, а на полиците немаше масло за продажба. Во исто време се контролираше и за примената на новата стапка на ДДВ. Завчера вечерта сите КАМ маркети беа залепени со жолта лента, за да се задржи фактичката состојба додека траеше контролата.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра