НЕ УСПЕА ДА СЕ ИСКАЧИ НА „ПОКРИВОТ НА СВЕТОТ: Кој е Георги Петков македонскиот алпинист кој почина пред да стигне на Монт Еверест?
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2018 06:59
На пат кон највисокиот врв на светот Монт Еверест македонскиот алпинист Георги Петков го положи својот живот на високите планини.
Со освоени неколку врвови во четири светски континенти долгогодишниот алпинист не успеа да стигне до Еверест .
63-годишниот доктор специјалист инфектолог од Гевгелија денеска при подготовка за последното искачување кон врвот, починал попладнево од претрпен срцев удар. Тој се наоѓал во Базниот Камп 3 на 7.200 метри надморска височина и колабирал при подготовките за финалната рута на искачување кон врвот Монт Еверест од јужната страна, која се простира на територија на Непал. Веста за кобната загуба ја потврди за порталот „The Himalayan Times“ шерпасот Ками Нуру, менаџер на базниот логор, а ја проследи и „Channel news Asia“, пренесува gevgelijanet.com.
Тажната вест која ги растажи сите во Планинарското друштво „Кожуф“ каде Петков е долгогодишен член и алпинист ја пренесе Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал а Петков бил дел од експедицијата предводена од британскиот алпинист и лидер за комерцијална експедиција, Тим Моусдејл од Лондон, Англија.Како што пишува gevgelijanet.com на 1 мај годинава Петков бил на само 1.000 метри до врвот Еверест.
Но, заради прилагодување на организмот, после три ноќевања во Базниот камп на 7.800 метри надморска височина, екипата се врати во базниот Камп 3 за аклиматизација на телото на членовите на осумчлената меѓународна експедиција на Еверест, во која само Петков бил Македонец.
Петков за жал не успеа во остварувањето на својата најголема желба - да се искачи на „покривот на светот“.
Фото: gevgelijanet.com
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите




