29 Ноември, 2024
0.0278

Не возиме велосипеди, но ќе возиме ли електрични тротинети?

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Тежат до најмногу 15 килограми, со едно батериско полнење може да се возат до 30 километри, а брзината која ја постигнуваат е 30 километри на час. Субвенцијата за купување на електричен тротинет која ја најави град Скопје на граѓаните им остави простор за размислување дали со тротинетот би можеле да одат на работа и колку е паметно да се купи. Дел од граѓаните сметаат дека на таков начин ќе ја избегнат гужвата, другите се за, затоа што нема да бараат паркинг. Во секој случај на запад возењето електричен тротинет е се поприсутно. Ако се омасови, во Скопје може да биде позитивно и за намалувањето на загадувањето, голем проблем на главниот град во зимскиот период.

Се работи ли за краткотраен технолошки тренд или нешто друго?

Електричниот тротинет е измислен како едноставно и лесно електрично превозно средство за градски превоз, а токму тоа е и неговата главна страна. Е-тротинетот е лесен и склоплив така што може да го понесете со себе каде и да одите, па дури и во продавница. Некои Скопјани веќе имаат и велат дека имаат добро искуство.

„Си купив електричен тротинет за да заштедам на гориво и избегнав гужви. Кога одам со автомобил до работа ми се потребни 25-30 минути бидејќи се прават големи колони, а чекајќи губам и време и пари, односно трошам гориво движејќи се 10 километри на час. Тротинет одлучив да купам бидејќи ми изгледаше како идеално решение за моите проблеми. Прво, мал е и не зазема многу простор каде и да оди, второ, брзината од 25 км/ч е и повеќе од доволна, за со него да ми требаат 15 минути до работа и уште не морам да барам паркинг“, вели Жарко од Скопје.

Искуство слично како неговото има и Татјана  која секој ден на работа патувала со автобус.

„Секогаш одев да чекам порано автобус за да стигнам на време, бидејќи никогаш не знаете кога ќе заглавите во гужва а тоа во Скопје стана секојдневие. Барав алтернатива бидејќи живеам едноставно близу до работа, а со оглед на тоа дека за неколку станици месечно морам да плаќам 1400 денари месечен билет, одлучив да барам алтернатива. Гуглав за евтини опции на превоз и ми текна на електричен тротинет. Ме купи информацијата дека за 1000 км „гориво“ чини само едно евро. Секако, треба да се земе предвид и цената на самиот тротинет, но кога погледнете назад низ годините тоа ќе ви испадне поевтино од самиот превоз. Идејата ми се допадна и истиот ден купив тротинет“ на струја“ - вели Татјана.

Популарни ширум светот, прифатливи за рамна површина како во Скопје

Кинезите дефинитивно се број еден нација која користи електрични автомобили, а проценки која земја најчесто ги користи електричните тротинети засега нема, но од она што го гледаме и на улиците во европските градови е дека употребата на ова превозно средство во подем расте се повеќе.

Нивната предност е малата тежина. Тежат од 10 до 15 килограми, а имаат релативно висока моќност и носивост. Некои модели развиваат брзина и до 35 километри на час. Развојот на технологијата овозможи овие алтернативни превозни средства да можат да поминат и до 30 километри со само едно батериско полнење

Град Скопје ќе субвенционира електрични тротинети

Интересот за субвенционирани велосипеди спласна, па град Скопје реши парите да ги пренамени на е-тротинети.

Предлогот помина на Седница на Советот на Град Скопје на изминатата 19-та седница а јавниот повик кој допрва ќе се распише ќе ја чини метрополата еден милион денари. Таа е сумата која градските власти ја издвоија за оваа намена а како што велат целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за помасовно користење електрични тротинети како алтернативно превозно средство.

Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10 илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Условите за учество се исти како и кај јавниот повик за субвенции за велосипеди. Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, доказ за жителство во главниот град, копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот. Потребно е да се достави и доказ дека е извршено купување на нов електричен тротинет и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од денот на објавување на повикот.

Средствата кои Градот ќе ги издвои за субвенционирање за купување електрични тротинети се средства кои беа неискористени од буџетот за субвенции за велосипеди, поточно субвенции за велосипеди за лица со посебни потреби.


И.С.


фото: sajam.rs

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

СЛАВЕЈЌИ ГО ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ, СЕ ВОЗЕА НА КРОВ ПА ИСПОПАЃАА СРЕДЕ УЛИЦА: Дали прославата ги премина границите?

СЛАВЕЈЌИ ГО ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ, СЕ ВОЗЕА НА КРОВ ПА ИСПОПАЃАА СРЕДЕ УЛИЦА: Дали прославата ги премина границите?

Демант на студентски дом „Кочо Рацин“-Битола за текстот „Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм“

Демант на студентски дом „Кочо Рацин“-Битола за текстот „Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм“

ОБВИНИТЕЛСТВО ВО АКЦИЈА, ГИ БАРА „УНИШТУВАЧИТЕ“ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Известен е јавен обвинител

ОБВИНИТЕЛСТВО ВО АКЦИЈА, ГИ БАРА „УНИШТУВАЧИТЕ“ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Известен е јавен обвинител

„ДА НЀ ОЧЕКУВАВТЕ ДА ГО БАКНУВААТ ЗНАМЕТО, ПА СЕГА ГЛУМИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ“- ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Вријат социјалните мрежи

„ДА НЀ ОЧЕКУВАВТЕ ДА ГО БАКНУВААТ ЗНАМЕТО, ПА СЕГА ГЛУМИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ“- ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Вријат социјалните мрежи

СООБРАЌАЈКА ОД БУТЕЛ КОН ЖЕЛЕЗАРА: Комбе излета од лентата, удри во друго возило, дојде и Брза помош

СООБРАЌАЈКА ОД БУТЕЛ КОН ЖЕЛЕЗАРА: Комбе излета од лентата, удри во друго возило, дојде и Брза помош