18 Декември, 2025
0.0497

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Ноќеска почнува зимско сметање на времето!

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2014 18:50

Добивај вести на Viber

Во три ќасот по полноќ ноќеска започнува зимско сметање на времето. Тоа практично значи дека во три часот стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад на два часот. Исто така, ова значи и еден час повеќе сон ноќеска. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последната недела на март 2015 година. Промената меѓу летно и зимско сметање на времето за првпат била забележана во 1916 година, а досега е воведена во 70 земји во светот со цел да се заштеди дневна светлина и енергија. По три години постојано летно сметање на времето, ноќеска и Русија ќе премине на зимско време. Рускиот претседател Владимир Путин во јули потпишал декрет со кој се враќа зимското сметање на времето, но промената ќе се задржи и во текот на летото. Зимското сметање на времето го прекина поранешниот руски претседател Димитриј Медведев во 2011 одина, но многу руски граѓани негодуваа на одлуката затоа што не сакаат толку рано да стануваат за време на зимските месеци. Медведев, во истовреме, го намали и бројот на временски зони во Русија од 11 на 9, со образложение дека граѓаните така ќе имаат помали нарушувања на биоритамот. Путин сега повторно враќа 11 временски зони на големата територија на Русија, од Камчатка на Пацификот, до Калининград на границата со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?