Не знаете каде да инвестирате во 2013? Еве што советуваат светските топ менаџери!
Објавено во: Анализа 12 Јануари, 2013 09:30
Дејвид Херо, Менаџер на портфолиа во „Харис Асопиејтс ЛП“ од Чикаго. Фондот „Оукмарк Интернешенл“, вреден 9,2 милијарди долари, со кои менаџира Херо ги надмина истородните фондови за 98 проценти во петгодишниот период кој заврши во ноември мината година.
Инвестирајте во Јапонија – и во технологијата
„Оваа година има потенцијал да биде многу успешна за вредносните хартии. Јапонија навистина заслужува внимание. Тоа е пазар на капитал кои потфрли. Ациите од технолошкиот сектор навистина забавија. Во 1999 година луѓето беа задовлни да платат за 30, 40, па и 50 пати поголем сооднос помеѓу цената и заработката за некои од овие акции, сега истите се тргуваат за 8,9,10,11,12 пати. Тоа е се уште добар бизнис“, советува Херо.
Куинси Крозби, пазарен стратег во „Пруденшл Фајнаншл Инц“ од Њуарк, Њу Џерси. Од 30-ти септември 2012 гоина, оваа фирма менаџира вкупно 1,01 трилиони долари.
Влетајте во земјоделството!
„Со оглед на глобалната демографија, земјоделството секогаш треба да биде вклучено во портфолијата. Со сите стимулации кои досега се влеаја во глогбалната економија, треба да очекуваме да се зголеми побарувачката за метали и енергија, особено ако се зголеми побарувачката од Кина“, советува Крозби.
Даг Рамси, Главен референт за инвестиции во „Лјутхолд Виден Капитал Менаџмент“ од Минеаполис. „Лјутхолд Виден“ препорача да се купуваат обврските кон доверителите четири дена пред скокот на пазарот на акции во март 2009 година.
Купувајте од европскиот корпоративен долг!
„Предвидуваме значителни падови за инвеститорите во хартии од вредност во наредните неколку години. Отрезнувачки делуваше „тепачката“ на пензиските фондови да ги прифатат овие смешно ниски стапки на поврат, под закрила на одговорно инвестирање. Државниот долг на пазарите во развој со краток рок на враќање нам ни се чини прилично атрактивен. Европските хартии од вредност нудат околу четири проценти заработка, што е двојно повеќе од американските. Оние на висококвалитетните европски мултинационални компании се меѓу последните глобални хартии од вредност со висок поврат на капиталот кои се уште не се истргувани од агресивните инвеститори во потрага по заработка“, советува Рамси.
Хауард Вард, Главен референт за инвестиции при „Гамко Инвесторс Инц“ од Рај, Њујорк. Фондот за глобален раст на гамко, кој е под надлежност на Вард, ги надмина истородните фондови за 95 проценти во текот на едногодишниот период кој заврши на 9-ти ноември 2012.
Земајте заеми!
„Многу луѓе се задржуваат премногу долго на државните обврзници и високите поврати и завршуваат повредени. Јас попрво би преминал на другата страна на оваа трговија и би зајмел пари со тековните камати за да инвестирам во депресираните добра, како што се недвижнините“, советува Вард.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





