Небезбедни турски домати во Србија - ги има ли во Македонија?
Објавено во: Агробизнис 10 Април, 2018 15:49
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција.
Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар.
Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките зеленчук кои се увезуваат и тие се пуштаат на пазарот исклучиво по добивање наод од извршени лабораториски испитувања со кои се потврдува дека не содржат пестициди или други штетни материи над максимално дозволените концентрации.
„Редовно се контролира и домашниот пазар, дистрибутивните центри, како и преработувачките капацитети. Дополнително, прометот со зеленчук се контролира во рамки на контролите на мешовитите продавници кои вклучуваат и трговија со овој тип производи“- велат од АХВ.
Од почетокот на годинава досега, од Турција, Грција, Албанија и Италија се увезени 264 пратки домати во количина од 2.547.581 килограм.
Покрај редовните инспекциски контроли, согласно препораките на ЕУ, АХВ од 2012 година ја спроведува и Програмата за мониторинг на безбедноста на храната чија цел е одредување евентуално присуство и на концентрациите на контаминентите во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.
Meдиумите во Србија пишуваат за овој скандал, а дел од нив прашуваат дали случајот со отровните домати е местенка или е грешка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





