25 Ноември, 2024
0.0278

НЕЦИВИЛИЗАЦИСКИ ЧИН, ДА ЈА ГУШНЕМЕ, ШИЛЕГОВ ДА НЕ ЈА ЧЕПКА: Граѓаните револтирани за Универзална сала

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Нецивилизациски, да рушиш објект од времето на гестовите на солидарност? Бесмислица! Ајде да протестираме! Да ја гушнеме! Градежна мафија - ова се само дел од многуте коментари на нашата објава дека Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за летна сцена со парк на местото каде сега се наоѓа Универзалната сала во Скопје. Додека градоначалникот Петре Шилегов вели дека идејата доаѓа од фелата и треба да се разгледа, граѓаните се револтирани. Бараат да се престане со овој проект кој всушност значи и дека старата Универзална сала наместо да се реновира ќе се руши. Инаку идејата на местото на старата Универзална сала да се гради нов поголем објект пред една година ја одбија архитектите кои сметаат дека таков грандиозен проект треба да се прави на друга локација во градот. Сепак, ова ново решение ги зовре реакциите. Граѓаните не веруваат дека намерите се искрени. Бараат салата да не се чепка.

Универзална им беше симбол за пред последните локални избори, па ветуваа секоја година, еве само што не сме почнале со реновирање имаме пари, сега викаат - руши ја.

Се прашува човек, ќе дојде утре време за МСУ да се реновира, тој денес им е омилен за партиски трибини, што би правеле тогаш, би го рушеле? Некоја убава летна сцена како би легнала таму ко видиковец. И ќе излезе некој паметњакович и ќе каже: Абе Универзална нема везе, времен објект беше, и онака ќе се рушеше, не вреди ко другите. Ако служела преку 50 години, и станала културен симбол на градот, и ако е дотраена до степен да не може да се реконструира, а нема што не може, изгради ја од ново, ќе трае уште 50 години, вели аналитичарот Ивор Мицковски.

Овој простор со Генералниот урбанистички план и со ДУП е со намена култура, па затоа мора да биде ставена и мала летна сцена, додека останатиот дел од просторот ќе биде парк. Летната сцена треба да биде со 150 седишта и да зафаќа површина од околу 400 квадратни метри, а останатото ќе биде парк.

Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за Фактор вели дека останува на своето убедување дека на тоа место не смее да има поголем објект.

„Тој објект е пет години затворен и нефункционален. Не може да се остави статус кво, а а ако се планира да се гради според намената, треба да се дислоцира, затоа што на тоа место нема капацитет за поголелем објект. Ние сите имаме носталгија за објектот, но сепак треба да се земе предвид и дека сега зјае празен. Не знам дали реновирањето е опција затоа што тоа треба да го одговори градот, односно тоа зависи од парите кои треба да се обезбедат.

Фактор веќе објави дека е објавен конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“. Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение. За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава.


Веќе е избрана и жири комисјата која ќе ги оценува решенијата. Во неа членуваат Маја Дончева, Бесник Осеку, Снежана Митоска, Александар Јанакиески, Аљоша Шопар и Никола Наумоски.

Лани во јули Владата му додели средства на Град Скопје за Универзалната сала. Сепак во меѓувреме стана јасно дека салата нема да се реновира, туку е можно да се дислоцира. 

Во согласност со програмата на Владата за капитални дотации во локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, на Град Скопје му се доделени 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала.

Реакциите од граѓаните сепак не стивнуваат.

Александра Томиќ



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик