Неделен Фактор: Медот го изедовме, горчливиот вкус остана
Објавено во: Македонија, Колумни 19 Јануари, 2020 06:53
Дури и историските две номинации за најпрестижната филмска
награда Оскар за глобалниот хит Медена земја успеа да остави горчлив вкус во
поделеното општество кое упорно наоѓа начини да се истакне во ширењето
негативна енергија.
Од еуфорија до бесмислени дебати дека некој се бунел зошто "актерката" била Турчинка и зошто филмот се снимил за запоставен рурален дел на оваа медена земја, а не некоја велелепна урбана модерна сцена.
Дијагнозата уште никој не се осмелува да ја постави, па затоа и продолжуваат овие хистерични крици во јавноста која се повеќе како да ужива да ја цеди енергијата на тие кои се позитивни, кои го гледаат животот со неговите можности и ги ценат успесите, поединечни и колективни.
Цитирањето на примитивни коментари и статуси не носи веќе ништо добро, тој дел од јавноста треба да се обележи како намерно насочен кон создавање тензија и злокобност. И такви отровни стрели не се вистинската слика за она мало преостанато јадро на нормалност во Македонија. Нивниот отров може да се прошири само кога ќе покажеме дека убодот сме го осетиле, дека продреле во нашето ткиво на толеранција и оставање простор за слобода на изразување.
Не треба да дозволиме да потонеме во таа смислена хистерија која ја уништува нашата решителност за нормализација на општеството. Една лажичка мед ќе ги смири нашите потечени грла обидувајќи се да докажеме дека филмската уметност не е на нацијата или колективот, ниту на нечија егоцентрична замисла за некаков протомакедонски филмски израз. Филмот е на авторите, во овој случај на една брилијантна екипа на режисери и кинематографи, кои на интимен, искрен и речиси волшебен начин ни овозможија да ѕирнеме во еден свет кој се чини некаде далеку, како во некоја сурова сказна, во некој надреален роман на Маркес.
Оскар нема да добие Македонија, златна статуетка нема да добие "народот", туку ќе се закитат со него авторите на Медена земја, кои може само да ги поздравиме и славиме.
Ваква недела на еуфорија и потонување во дефетизам во исто време не сме имале одамна. Иако за ракометарите се сметаше дека со групата во Австрија им паднала секирата во медот за лесен пласман во следната фаза тие одиграа под очекувањата, во евидентен расчекор на новите и млади ракометари кои не ги преземаа лидерските улоги како што се посакуваше.
Жедни за славење и оттргнување на мислите од отровното политичко секојдневните успеавме и во спортот да поентираме со исфорсираните партиски ставови. Од повици да им се забрани на ракометарите да настапуваат затоа што ја покриле Северна, па дури и дека прегласно го пееле делот од химната кој почнува со Гоце Делчев, до тоа дека една партија го форсирала нивното место во репрезентацијата со години. Навивачи се поделувале и на трибините, да бидат настрана едни од ВМРО едни од СДСМ.
Како што изостанаа победите така и исчезна и муницијата за тие кои со нетрпение очекуваа така да го одбранат вековното име, да ги величаат храбрите македонски лавови, да ги зајакнат семакедонските квалитети и се тоа убаво со емотикони и знаменца измаркетирано на профилите на политичарите кои бесрамно ќе ги користат во непрестаната изборна кампања.
Мора да се преземе сопствена одговорност во тоа како ќе се поставите кон хистеричните изблици за ракометот, за оскарите, за уметноста и политиката, ќе дозволите ли да ве вовлечат во вртлогот на горчината или слатко ќе се заложите за нормалност и почит во спротивставувањето на ставовите и заложбите.
Х.С.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“





