05 Декември, 2025
0.3021

Неделен фактор: Никој нема да не праша за гепекот - Сите ќе гледаат во тепихот

Објавено во: Анализа 23 Јуни, 2019 12:09

Добивај вести на Viber

Бегството на екс премиерот Никола Груевски звучи како сцена од култниот филм Балканкан. Азилантот во Будимпешта според зборовите на неговиот немезис Заев најверојатно на тој начин ја добил идејата како да им побегне на македонските безбедносни служби.

Во легендарната сцена Трендафил ја убедува Ружа да ја преминат бугарската граница со тоа што нивното старо „Фиќо“ ќе го наполнат со конзерви и пакети со храна за да ги прошверцуваат, додека пак мртвата баба Зумбула ќе ја замотаат во тепих.

„Ќе наполниме конзерви, војна е, ќе мислат дека шверцуваме храна, на граница никој нема да не праша за тепихот, сите ќе го гледаат гепекот, понашај се бе нормално, еве како сега што си разговараме нормално“ и велеше Трендафил на Ружа.

Јас се надевам дека Груевски пикнат во багажникот на автомобилот за бегство не закачил и тепих со мртва баба, туку дека нашол некој друг покреативен начин за го одвлече вниманието на граничната полиција.

Но, плановите не секогаш се исполнуваат, особено не ако пред вас е исправен бугарскиот инает и апсурд кој се повторува како веќе виден луп. Трендафил за жал не успеаа да ја профшверцува мртвата баба преку границата. Откако ја купи целата конзервирана храна тепихот со бабата исчезна - бугарска работа,ни го украле тепихот.

Исто така бугарска работа е да бара од помладото братче кое го воспитува со девизата кроце, кроце и малце ќутек, да созрее и да сфати дека Гоце Делчев бил Б`лгарин. Еми т'ва е браќа македонци ако искате Европејски сојуз - практично ни порача бугарскиот премиер Борисов кој потпиша Договор за пријателство и добрососедство со струмичанецот Заев.

А, на тој европски пат не можеме во багажникот да прошверцуваме корупција, неправда, непотизам, партизирана држава во која партиската книшка и наводните заслуги за рушење режим се главен фактор за добивање позиции, бизниси, тендери и функции. Европските цариници сигурно добро ќе ни погледнат во багажникот па дури и со качен Преспански договор на хауба. 


Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?