10 Декември, 2025
0.1594

Неделен Фактор: Што ја „тресеше“ Македонија изминатите денови

Објавено во: Колумни 18 Септември, 2016 09:00

Добивај вести на Viber

Серијата на земјотреси предизвикаа најголеми физички „потреси“ во јавноста, но паниката, библиските пророштва, прогнозите на Миле од седми кој има врски во сеизмолошка и советите на вечно паметните како да се спасите од земјотрес брзо беа заборавени и траеја пократко и од пресот на Катица, Фатиме и Ленче. 

Вистинскиот „потрес“ го најави СЈО со првите две обвиненија за предмети од прислушкуваните разговори. СЈО е институција која може да се избори за правда и враќање на принципот на одговорност, кога веќе ја нема политичката време е за кривичната. Сепак, многумина и не се целосно убедени во капацитетите на „специјалната“ од Гевгелија па си ја повторуваат народната „Се тресеше гората, се роди глушец“. 

Емотивен потрес предизвика и враќањето на Љубе Бошкоски во некогаш неговата министерска канцеларија во седиштетотo на МВР. За некои ова е партиска злоупотреба на МВР од Спасовски кој наводно си организирал приватни средби, но тој како и секој добар досегашен министер најверојатно ја почитува традицијата на „штабување“ по примерот МВРО-ВМРО.

Во моментите на масовна паника и евакуација на Скопје по парковите и околните безбедни места (читај викендичката на баба и дедо на село) многумина граѓани добија и желба да отпатуваат некаде, дур да се смири, не може вака да се спие со еден земјотрес сабајле, еден навечер, па каде на друго место да се оди ако не во Европа. Можеби евробирократите од Брисел слушнаа дека скопјани се спремаат за нова туристичка инвазија па следуваше нов шок! ЕУ во шенген зоната воведува пристапна такса, па ако сакате да влезете ќе мора да си платите и тоа на лице место, како луѓе, а не како порано да чекате со саати пред амбасадите со формулари за виза и документација сместена во три папки.

И земјата да се тресе и СЈО да фршти со обвиненија не може да се избега од само едно нешто и не, не е смртта, не бидете толку фатални, има нешто понеизбежно, а тоа е Управата за јавни приходи. Листата со 85.000 должници ги потресе сите кои не платиле радиодифузна такса, па можеби од извршителите ќе бегаат со изговор дека се на привремена евакуација, додека не се смири трусното скопско подрачје или не се побијат пророштвата на Баба Ванѓа од некој просветлен експерт и толкувач. На листата се најдоа и интересни имиња кои им се заблагодарија на медиумите што го направија должничкиот список популарен, па ветија дека ќе и платат до денар на МРТВ. 

Фактор како прецизен сеизмолог се обиде да ги измери сите „потреси“ кои ни се случија изминатата недела, што велите вие, дали уште сте како „потресени“ и од што.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пари, моќ и одговорност - Mакедонската приказна за фискална децентрализација

Пари, моќ и одговорност - Mакедонската приказна за фискална децентрализација

Америка се ослободува од обврските

Америка се ослободува од обврските

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!