06 Декември, 2025
0.0811

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Април, 2021 16:40

Добивај вести на Viber

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 12 до 18 април 2021, тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намување од 20,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, 25,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци. Истите беа одбрани од периодот 01-31.03.2021. Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот UK variant кај 98% од тестираните пациенти.

Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти кој детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100% меѓу тестираните примероци е т.н британска варијанта.

Заклучно со 18.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.895- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија