05 Декември, 2025
0.0410

Неделните откупни цени почнуваат да се применуваат

Објавено во: Агробизнис 01 Јули, 2016 20:34

Добивај вести на Viber

Законските измени за неделна откупна цена на земјоделските производи стартуваа, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуноски, по неговата посета на откупните центри во Струмичко.

Трипуноски вели дека овие измени треба да бидат во полза на земјоделците и на откупувачите.

„Ние по претходни сугестии со земјоделците околу варирањето на откупната цена пристапивме кон законски измени за да го решиме овој проблем. Соодветната законска измена откако ги помина филтрите, од вчера излезе и во Службен весник на РМ. Ние како инспекторат, постојано ќе сме на терен да ги следиме состојбите во оваа насока“- изјави Трипуноски.

Тој објасни дека врз основа на законските измени, откупувачите мора да објавуваат неделни цени. Ако денеска на цената на откуп на лубеница изнесува 6 денари по килограм, таа не смее да се менува во наредните седум дена и тоа е најниската загарантирана неделна откупна цена.

Додаде дека засега можно е да се случуваат одредени отстапки од минималната откупна цена, но дека нивната тенденција е тоа да се санкционира согласно законите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?