Недостиг на домашна пченица во Британија
Објавено во: Агробизнис 07 Април, 2013 11:40
За првпат по десет години домашното производството на пченица во Велика Британија не ќе може да ги задоволи потреби и земјата. Затоа информираше претседателот на британскиот Национален сојуз на фармерите, Питер Кендал, државата ќе биде приморана да купува жито од странство.
„Поради лошите временски услови минатото лето во Обединетото Кралство се уништени над два милиони тони пченица. Продолжената зима оваа година исто така лошо ќе се одрази на есенската реколта, изјави Кендал во интервју за радиото Би-Би-Си 4.
Минатата година просечниот принос на пченица во Велика Британија се намалил од 7,8 на 6,7 тони по хектар, додека за оваа година, според Кендал, тој се очекува да опадне за уште една четвртина.
„Ако ожнееме само 75 проценти од нивото на ланската реколта, ќе добиеме 11 милиони тони пченица, додека нашата домашна потреба изнесува 14,5 милиони тони“, појаснува Кендал за Би-Би-Си 4.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





