Неготинци во паника од листерија – задолжително бараат фискална кога купуваат сувомесни производи!
Објавено во: Агробизнис
18 Август, 2014 11:18
Добивај вести на Viber
Исплашени од опасната бактерија листерија, од која е разболеа две лица од нивниот град од кои едното почина, жителите на Неготино не излегуваат од месарница без фискална сметка за купените сувомесни производи, пишува
Дневник.
Сметката ја земаат како доказ за тоа каде ги купиле производите и од кој производител.
„Се случува луѓе да си го враќаат филмот во главата за тоа што јаделе додека биле на одмор во туристичко место во Македонија и која била фирмата на сувомесното што го купиле таму. А деновиве во месарница сретнав сограѓанин кој инсистираше на фискална кај продавачката за семејството да покаже што јадел ако му се случи нешто. Богами голем е бројот на оние што водат евиденција што се јаделе и од каде го купиле“, вели за Дневник една жителка на Неготино.
Дел од граѓаните барале од матичните лекари антибиотик како превентива за да не се разболат од опасната бактерија. Сепак, лекарите советуваат антибиотици да не се земаат превентивно и без потреба.
Целиот текст прочитајте го
ТУКА.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?