19 Декември, 2025
0.1108

Неизвесен период за мандатарот: На кој најпрво Груевски ќе му фрли јадица?

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017 12:32

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никоал Груевски вчера го доби мандатот за формирање на нова Влада, а рокот да обезбеди парламентарно мнозинство е 20 дена.

ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу места во парламентот на предвремените парламентарни избори, кои се одржани на 11 декември во однос на опозициската СДСМ 51:49.

Неизвесно е, меѓутоа, дали долгогодишниот партнер на Груевски, албанската партија ДУИ на Али Ахмети ќе се согласи да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку ДУИ се согласи на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе имаат 61 пратеник, што е што е доволно за формирање на парламентарно мнозинство.

А за да се случи тоа, Груевски ќе мора да преговара со албанските политички партии кои неодамна ги обединија своите барања.

Две од четирите албански партии, кои влегоа во парламентот, Беса и Алијанса на Албанците, децидно тврдат дека не планираат да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО со ДУИ и Демократската партија на Албанците би можела да има дури 63 пратеници, но до неодамна во делот на партијата на Ахмети се слушнаа гласови против коалицијата со Груевски.

Груевски, пак , тврди дека новата влада ќе ја формира „по секоја цена“.

Новата влада треба да биде потврдена најдоцна до 29 јануари.

Ако дотогаш Груевски не формира мнозинство, мандатот ќе и биде понуден на другата партија по бројот на освоени мандати, а тоа е СДСМ.

Она што е извесно е дека засега не очекува неизвесен период и непознато е на кој прво Груевски ќе одлучи да му фрли јадица за да прави заедно со него Влада.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки