Неизвесна средбата на Иванов со комесарот-Ќе успее ли Хан да ја смири тензијата кај партиите?
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 10:58
Засега останува неизвесно дали шефот на државата ќе се сретне со дипломатите кои денеска ќе допатуваат во Скопје.
Европскиот комесар за проширување и соседна политика Јоханес Хан и тројцата европратеници кои доаѓаат со него Вајгл, Кукан и Флекенштајн почнувајќи од 14 часот ќе почнат да се среќаваат со политичките лидери.
Неофицијално, претседателот Иванов „ќе ескивира“ од средбата со Хан бидејќи се уште не е вратен од Унгарија каде што вчера беше во работна посета. Иванов оттаму порача дека спас за кризата се само нови избори-став кој што е спротивен од она што веќе два месеци го повторува меѓунардоната заедница и која бара партиите кои имаат парламентарно мнозинство да ја кројат новата влада.
Останува отворена можноста Иванов да оствари средба со комесарот Хан во вечерните часови, кога всушност и завршуваат средбите со лидерите на партиите.
Последен на листата тет-а-тет средби со Хан е екс премиерот Никола Груевски.
Според агендата средбата на Хан со Груевски е најавена од 20 до 21.15 часот.
Претходно комесарот ќе ги ислуша останатите партии кои го имаат мнозинството во Парламентот .
Најпрво на средба со Хан ќе влезат од движењето БЕСА во 14.10 часот. Следува средба со Алијансата на Албанците од 15.10 во 16.10 часот, и од 16.30 до 17.45 часот на ред е средбата на лидерот на ДУИ со Хан.
Опозицијата со Хан ќе оставри средба од 17.45 часот до 19.15 часот.
Се очекува Јоханес Хан на партиите лично да им ја пренесе загриженоста за развојот на состојбите во Македонија како и потребата од итно формирање на Влада.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




