05 Декември, 2025
0.0481

Некогаш пребогата земја, денес граѓаните со платата не можат да купат ни килограм месо

Објавено во: Анализа 21 Август, 2018 09:49

Добивај вести на Viber

Додека ММФ предвидува дека инфлацијата во Венецуела оваа година ќе достигне милион отсто претседателот на таа земја Николас Мадуро најавува најголема економска реформа.

Мадуро се обидува да ја заврши економската криза која ја уништи најбогатата со нафта јужноамериканска држава и направи хаос.

Каркас ќе започне со издавање на нови банкноти откако ќе се намалат пет нули од боливрите.

Мадуро вели дека земјата мора да покаже „фискална дисциплина“ и ќе го заврши печатењето на прекумерна количина на пари, кои доведоа до бескрајна хиперинфлација, која ги зголеми цените на астрономски нивоа. Во овој момент минималната месечна заработка не е доволна за купување на килограм месо.

Слично на Југославија во 1993 година, граѓаните на Венецуела за само едно одење во продавница мора да потрошат милиони. Националната валута, боливар, толку малку вреди, што ни со полна шака пари не би било возможно да се направи најосновното купување за едно семејство, а на тоа треба да му се додаде и фактот дека полиците се празни, а платите исклучително ниски.

За едно просечно пиле (2,4 кг) граѓаните на таа некогаш богата држава сега мора да издвојат 14 600 000 боливри (околу два долари). За само една ролна тоалет хартија е потребно да се издвојат дури 2 600 000 боливри (околу 0,4 долари), килограм моркови чини 3 000 000 боливри (0,46 долари), пелени 8 000 000 боливри - 1,22 долари и слично.

За некој кој тоа може да си го дозволи, просечно одење во продавница би можело да чини и десет или 15 милиони боливри. Да се работи за некоја друга валута, тоа би било вистинско богатство, но боливрата е толку девалвирана што не вреди ништо. 

Просечната плата во Венецуела е доволна да се купи само еден килограм месо, а инфлацијата се ближи до неверојатни 1 000 000 отсто.

Затоа пред три недели, Мадуро објави нов план на борба против венецуелската хиперинфлација кој стапува на сила денес, но експертите се скептични, а поединци сметаат дека новите мерки дури можат да го влошат хаосот во државата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?