15 Декември, 2025
0.0414

НЕКОЈ СО АЈФЕЛОВА КУЛА, НЕКОЈ СО ГОНДОЛИ - Туристите во Европа се вратија, каде е Македонија?

Објавено во: Економија 20 Март, 2023 07:15

Добивај вести на Viber

Најновите податоци на Европскиот статитистички центар велат дека туризмот во ЕУ изминатата година успеал да закрепне, а ова го темелат на податокот дека бројот на туристи достигнал 95 отсто од нивото во 2019 година. И според домашните аналитичари, туризмот полека закрепнува. Домашните интитуции посочија дека имаме раст на туристите и ноќевањата минатата година.

По падот поради пандемијата со Ковид-19, вкупниот број на ноќевања во туристичко сместување во ЕУ достигна 2,73 милијарди во 2022 година. Ова е разлика од 5 проценти во споредба со бројот на ноќевања во 2019 година (2,88 милијарди ноќевања). Во споредба со 2021 година (1,83 милијарди ноќевања), ноќевањата се зголемиле за 49 отсто во 2022 година, посочува Евростат.

-  Во текот на 2022 година, бројот на посетители во сите месеци беа повисоки од соодветните месеци во 2021 година, при што четвртиот квартал од 2022 година забележа 472 милиони ноќевања. Ова беше пад од само 2 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2019 година пред пандемијата (483 милиони ноќевања) – соопшти Евростат.

Од статистичкиот центар додаваат дека на почетокот на 2022 година, нивоата на туризам беа многу пониски од истите месеци во 2019 година.

-  Сепак, почнувајќи од мај 2022 година, разликата стана помалку забележлива. Во остатокот од годината, ноќевањата во туристичко сместување беа помалку од 5 проценти пониски од 2019 година, а во јули, август, септември и октомври беа помалку од 1 отсто пониски од истите месеци во 2019 година – се додава во нивното сопштение.

Податоците за 2022 година, покажуваат дека ноќевањата на домашните гости ги надминале нивоата од 2019 година (1,53 милијарди ноќевања во 2022 година во споредба со 1,51 милијарди ноќевања во 2019 година или раст од 1 отсто). Од друга страна, Евростат посочува дека ноќите поминати од меѓународни гости биле блиску до целосно закрепнување, но сепак се уште не се достигнати нивоата пред пандемијата. Поточно, 1,20 милијарди ноќевања во 2022 година во споредба со 1,36 милијарди во 2019 година е помалку за 12 проценти.

-  Помеѓу земјите на ЕУ, Латвија беше најдалеку од целосно закрепнување во однос на ноќевањата на меѓународните гости (-45% во 2022 година во споредба со 2019 година), а потоа следат Словачка (-40%) и Литванија (-37%). Данска беше единствената членка на ЕУ која забележа зголемување на ноќевањата на меѓународните гости (+4%), додека Хрватска (-2%) и Луксембург (-3%) се приближија. 

-  Од друга страна, Малта забележа најголем пораст на ноќевањата на домашните гости (+39% во 2022 година во споредба со 2019 година), потоа Кипар (+35%) и Словенија (+25%). Најголем пад на ноќевањата на домашните гости е забележан во Словачка (-22%), Романија (-15%) и Унгарија (-13%), од кои сите, исто така, забележаа прилично големо намалување на ноќевањата од странски гости (барем -30%) – се потенцира во соопштението на Евростат.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, посочија дека „во чекор со Европа продолжува закрепнувањето на македонскиот туристички сектор“.

Во период јануари-септември 2019/2022, според податоците на Светската Туристичка Организација  број на туристи на светско ниво е намален за 37 отсто, додека Европа и Северна Македонија се со 19 проценти помалку. Нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од UNWTO (светска туристичка организација). Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив е 376 милиони долари од туристички промет, што е за 25 проценти повеќе од 2019 споредбено со 2022 истиот период. Очекувањата на туристичкиот секор се дека до 2025 година ќе имаме 4 милиони ноќевања и девизен прелив по основ туризам од 500 милиони долари.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност