Неколку факти за Дарко Каевски кој ќе ја води Агенцијата за млади и спорт
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2017 08:30
Дарко Каевски со одлука на Владата на Република Македонија ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт откако на функцијата беше разрешен Марјан Спасевски, кадар на претходното владино раководство.
Новиот директор е роден во 1989-та година, а е дипломиран економист со искуство во приватниот и државниот сектор. Тој претходно беше советник во општина Кисела Вода и интересно е што неговиот претходник Спасевски токму во истата општина беше некогаш дел од одделот за односи со јавност.
Во објавената биографија за Дарко Каевски се наведува дека активно се залагал за правата на младите со учество на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.
Од 2014 година како потпретседател на СДММ, Дарко Каевски ја застапува oорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.
Каевски ќе раководи со агенцијата која директно учествува во финансиската помош на спортските федерации и асоцијации во Македонија, помага за организирање на спортски настани и доделува спортски стипендии.
Досега најпознат директор на Агенцијата за млади и спорт е Диме Спасов кој стигна до министерска позиција, но неславно ја заврши политичката кариера со бегството од местото на направена сообраќајна несреќа.
Х.С.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?
СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила
СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија
Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени
КАЦАРСКА ЗА ЈАНКУЛОВСКА И ПРЕДМЕТОТ ВО СТРАЗБУР: „Јанкуловска имаше можност да ги изнесе сите докази“
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат




