Неколку згради немаат парно греење поради дефект - БЕГ е на терен
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Балкан Енерџи Груп соопштува дека поради дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа кај објектот на клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (т.н. стара градска болница), неколку згради во центарот на Скопје времено не се во можност да добијат толинска енергија.
Конкретно, дефектот во мрежата предизвика прекин на греењето во болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.
Дежурните екипи на БЕГ-Дистубуција се на терен и интензивно работат на санирање на дефектот. Поради големината на дефектот, во овој момент, невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но екипите прават напори редовното снабдување со топлина во овој дел од градот да биде воспоставено во текот на денешниот ден.