05 Декември, 2025
0.0349

Нелегално вработени 24 странски државјанки

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2013 13:02

Добивај вести на Viber

Дваесет и четири странски државјанки со нерегулиран престој или нелегално вработување и 84 девојки од нашата земја биле откриени во 16-те акциски и петте редовни контроли на 20 угостителски објекти што ги спровела полицијата лани во тетовско-гостиварското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Најголем број од откриените странски државјанки биле од Србија- девет, од Албанија – осум, а имало и од Бугарија и Косово кои во објектите биле ангажирани како танчерки, пејачки или друг угостителски персонал. Девојките од нашата земја најчесто биле на возраст од 20 до 35 години.

- Поради нерегулиран престој или нелегално вработување на странските државјанки им се поднесени соодветни пријави, по што им се изречени прекршочни санкции и глоби, како и безбедносни мерки за забранет влез во земјава од три до пет години и депортирање во нивните матични земји, рече Јосифовски.

Минатата година, според Јосифовски, во полошкиот регион во седум акциски и 42 редовни контроли откриени се и 102 странски државјани претежно „економски емигранти“ кои непријавено или нелегално на подрачјето извршувале сезонски полски или градежни работи најчесто во селата.

- Од нив 94 биле од Република Албанија, двајца од Република Косово и шест од Република Србија. Тие се соочиле со пријави, судски прекршочни санкции, глоби и безбедносни мерки за забранет влез од една до три години и депортација во матичните земји изјави Јосифовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker