„Нема алтернатива на НАТО и ЕУ!“, сметаат Попоски, Јолевски и Спасовски
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Република Македонија нема друга алтернатива и уште поцврсто ќе продолжи со реформите на нејзиниот евроатлантски пат членството во НАТО и во
ЕУ. Ова е заедничкиот став на министрите за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, Никола Попоски, Зоран Јолевски и Оливер Спасовски, кои говореа на денешната конференција „Влијанието на глобалните безбедносни предизвици врз Европа и Западниот Балкан и начините за справување“.
- Македонија како земја која се уште не е членка на ЕУ, ниту дел од Шенген договорот успева на прилично успешен начин да се соочи со овие предизвици, во многу сегменти на подобро ниво од некои земји кои се дел од тој систем. Но, конечниот успех ќе зависи од нивото на соработка кое ќе одржуваме со останатите земји во нашиот регион. Во глобалната стратегија за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласи Попоски, се размислува за Македонија како за рамноправен партнер, без кој не е можна ниту безбедноста, ниту просперитетот во рамки на ЕУ, потенцираше шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.
Министерот Оливер Спасовски нагласи дека безбедносните предизвици во актуелните глобални геостратешки, но и економски контексти бездруго ја бараат целосната наша посветеност.
Кога лани ова време низ балканската миграциска рута, во која Република Македонија беше еден од клучните транзитни правци, секојдневно минуваа десетици илјади несреќници од загрозените подрачја, секому овде на Балканот, но и во Европа, му стана јасно дека парцијално решение за таа криза е невозмозно. Не заради тоа што на пример, Македонија е мала држава со скромни капацитети, туку заради фактот што независно од големината и
институционалната подготвеност на која и да е држава, таа сама нема никаква шанса против миграција со таков обем и специфики, рече Спасовски.
Спасовски порача дека земјите од западниот Балкан мора уште поинтензивно и во тесна координација и поддршка од Европската унија да работат на устројување на демократските, нормативните и институционални капацитети, чиишто бенефити ќе бидат подеднакво во полза на граѓаните од државите на западниот Балкан, но и на граѓаните од секое делче на Европа.
ќе остане цврсто и непоколебливо на интегративниот евроатлантскиот пат.
Според министерот Јолевски, Република Македонија даде сериозен придонес во надминувањето на предизвиците од мигрантската криза. истакна дека е значајно Европа да има сеопфатна стратегија за тоа како да се соочува со предизвиците во поглед на овој мигрантски бран, што беше закана за безбедноста после дведецениска стабилност на еворпскиот континент.