Нема блокади за увоз на српска пченица, освен ако има олово!
Објавено во: Агробизнис 09 Април, 2013
Нема стопирање на увозот на брашно и пченица од Србија, децидни се од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство (МЗШВ) во врска со денешниот напис во српски „Блиц“ дека земјава ги избегнува српските производи и го руши ЦЕФТА договорот.
Од Министерството посочуваат дека увозот не е ограничен и се реализира скоро секој ден, а контролата на пратките е согласно обврската за доследна примена на европските стандарди.„За да се биде сигурен дека се почитуваат стандардите се прави контрола за веродостојност на податоци кои се дадени во документот што го следи прoизводот. Ова е вообичаена пракса“, нагласуваат од МЗШВ.
Оттаму посочуваат дека контролата се врши согласно зконите и во склад со барањата на ЕУ. „Според Правилникот за општи барања за безбедност на храна се врши документарен и физички преглед. Во физичкиот преглед спаѓа и земање мостри за анализа кои се носат во Институт за јавно здравје во Куманово. Доколку странката е незадоволна, суперанализа се прави во Институтот за јавно здравје во Скопје или на Факултетот за ветеринарна медицина,“велат од МЗШВСпоред Министерството, во дел од количините српска пченица увезени во февруари годинава, суперанализите потврдиле зголемено присуство на олово односно вкупната количина во која се пронајдени токсични материи е 536 тони и 480 килограми.
Увозникот на ваква пченица, според законот, има три можности, да се врати пченицата во земјата извозник, да се уништи или да се намени за друга употреба доколку ги исполнува условите за друга употреба.
Стопанската комора: Мора да се заштити здравјето на потрошувачитеВаквите тврдења на македонското министерство ги потврди и Стопанската комора на Македонија од каде ја подржуваат работата на сите надлежни институции и нивните активности во насока на контрола на безбедноста на увезените производи единствено во согласност со пропишаните закони и правилници.
„Домашниот пазар останува отворен за фер конкуренција почитувајќи ги прописите за здрава и пред се безбедна храна со цел заштита на крајниот потрошувач“, велат од Комората.
Инаку „Блиц“ пишува дека ваквата пракса на Владата во Скопје е да го бојкотира увозот на пченицата и брашното се додека српските власти не се пожалат во ЦЕФТА по што е неопходно да поминат два до три месеца додека ова прашање не го разгледа Заедничкиот комитет кога и се укинуваат бариерите“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.