Нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои сакаат да oдмораат во Албанија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Мај, 2021
Нема да има пречки за оние што сакаат да летуваат во Албанија.
Албанскиот премиер, Еди Рама, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои годинава сакаат да oдмораат во Албанија. Влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку лани. На туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, пренесува „Албаниан дејли њуз“. Како што вели Рама, резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат. Албанија сака да стигне до милион вакцинирани граѓани. Во пресрет на летната сезона земјите ги прецизираат правилата за патување.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.