Добивај вести на Viber
Српската Влада нема да ги намали субвенциите за земјоделство за следната година. Буџетот за земјоделство ќе биде на исто ниво како годинава или за некој процент повеќе, што зависи од расположливите средства во државниот буџет. Според српскиот министер за земјоделство,шумарство и водостопанство, Горан Кнежевиќ, предвидени се многу мерки и субвенции за сите земјоделски гранки, лозарство,сточарство, поледелство, градинарство и друго.
-Ние сакаме да ја прошириме базата на корисници на субвенции, и нема повеќе да има разлика меѓу физичките и правните лица. Во следните 25 дена ќе има дискусии за Законот за земјоделство, кој ќе го усовршиме и во подолг временски период ќе им биде од корист на сите земјоделски производители. Законот ќе биде основа за понатамошнта земјоделска политика, изјави за српкската агенција Танјуг, министерот Кнежевиќ.
Првичните прокеции се дека земјоделскиот буџет ќе изнесува околу 3,7 отсто, од вкупниот буџет, за веќе во 2014 година да достигне и пет отсто. Министерот Кнежевиќ, ја обвинува претходната Влада, за изготвување на годинешниот нереален буџет, кој според него бил во служба на изборите и собирање гласачи.
Клучни во српската Стратегија за развој на земјоделсто, ќе бидат инвестициите, со посебен акцент на наводнувањето.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.