Нема договор за откупната цена на грозјето: Лозарите и винариите не се на иста фреквенција
Објавено во: Агробизнис 16 Август, 2019 11:15
Здружението „Напредни лозари“ велат дека нема договор со винариите за откупната цена на грозјето.
Здружението барало 16 денари за килограм „смедеревка“ и 17 денари за килограм „кратошија“, но дека винариите нудат пониски откупни цени на грозјето.
Преработувачите на грозје останале на нивните позиции, кои биле однапред познати, минатогодишните цени, но со изместени вредности по однос на границата на шеќерните единици под која нема да се откупува грозјето, што всушност значи и намалување на откупната цена на грозјето.
Здружението не се согласува со откупната политика на винариите и најавија дека ќе ги користат сите расположливи демократски средства за постигање на целта. Од „Напредни лозари“ соопшуваат дека се можни и протести.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





