Нема докази за „петоколонашот“-советник на Спасовски
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2018 21:24
Поради немање докази ема да има ниту обвинение по истрагата на Јавното обвинителство за случајот со Драган Симоновски државен советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше уапсен во март годинава под сомнеж дека издал државна тајна, односно дека предупредил осомничена за прислушкување на телефонот.
Од обвинителството ја потврдија информацијата на Алфа дека Симоновски е ослободен од кривичен прогон.
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе детална предистражна постапка во предметот. Јавниот обвинител минатата недела донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, со оглед на тоа што од обезбедените вербални и материјални докази во рамки на предистражната постапка, не се потврдија основите на сомнение за сторено кривично дело. Основа за проверка беа приложените докази кон кривичната пријава, сите проверки беа направени и тие основи од кривично – правен аспект не се потврдија. Донесеното решение се уште не е правосилно“ – се вели во одговорот од ОЈО за Алфа.
Драган Симоновски беше осомничен дека оддал службена тајна, односно на осомничена во случај што го водела полицијата и кажал дека нејзините активности се следат и нејзиниот телефон е под посебни истражни мерки. Обвинителството тогаш од судот побара и мерки на претпазливост за Симоновски и му беше одредена мерка за забрана на напуштање на местото на живеење. Што се случило во меѓувреме и зошто обвинителството и полицијата кои пред неколку месеци беа убедени во вината на тогаш државниот советник, сега се повлекуваат од негов кривичен прогон нема одговор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




