29 Април, 2024
0.0240

Нема ГМО храна во Македонија?

Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Партијат ДОМ- Демократска обнова на Македонија обвинува дека ГМО храната влегува во Македонија, од Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантираат ваквите наводите Од ДОМ предлагаат да се укине Правилникот за сточна храна зашто сметаат дека со него од 1 октомври ќе се зголеми увозот на генетски модифицирани организми во Македонија. Оттами велат дека во светски размери постои силно движење против употреба на ГМО и дека отпорот за нивна примена е во тоа што тие организми се вештачки создадени, брзо и масовно се репродуцираат, не можат де се контролираат, го уништуваат постоечкиот биодиверзитет, а последиците кај луѓето и животните може да се согледаат на подолг рок. „Простор за загриженост има и затоа ДОМ ја продолжува кампањата за заштита на Македонија од ГМО“, соопштија од оваа партија. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак информираат дека не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни, односно дека во земјава нема ГМО храна. Овој подзаконски акт, за кој ДОМ предлага да се стави во мирување за да се преиспитаат сите елементи што тој ги содржи, се подвлекува, е комплетно усогласен со европската легислатива која ја регулира оваа област. Со него се дефинираат условите и постапката за издавање на одобрение увоз и за ставање во промет на добиточна храна која содржи ГМО, за што истото задолжително мора да се базира на научни докази дека истата нема да има штетни последици ниту за животните, ниту за човекот, ниту за човековата околина. „Согласно најновите научни сознанија и ставот на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која ги проценува и врши комуникација за сите ризици поврзани со синџирот на храната, се вели во реакцијата, законската материја која ја регулира оваа област во Република Македонија е целосно усогласена со европската легислатива, која инаку се смета за една од најрестриктивните и најригорозните од аспект на исполнување на условите за безбедност и пред добивање на одобрение за употреба на ГМО во добиточната храна.“стои о реакцијата на Агенцијата.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?