26 Ноември, 2024
0.0414

НЕМА ИЗМЕНИ НА ПОВИЦИТЕ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ И ИЗГРАДБА НА ЧЕБРЕН: Министерот Бектеши категоричен, критериумите остануваат

Објавено во: Економија 27 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Нема да има измени во повиците за универзалниот снабдувач и за Чебрен. Ако некој потпише таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело и тука веќе ќе имаат работа судството и обвинителството, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во однос на универзалниот снабдувач, како што објасни Бектеши, условите и критериумите се утврдени на владина седница, веќе е формирана Комисија и нема да се менува ништо. 

И во однос на Чебрен, Владата одлучила да не се менува ништо, па доколку компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31 декември да го потпише договорот, а ако не, тогаш би требало да се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. 

Одговорајќи на новинарски прашања, Бектеши истакна и дека нема инвазија на грчки фирми во македонскиот енергетски сектор. Напротив, напомена, според податоците на Министерството за економија, во енергетиката повеќе инвестираат домашните компании, посебно во делот на обновливите извори на енергија.

Во однос, пак, на вработувањата во ЕСМ, Бектеши појасни дека станува збор за трансформација на работните места од определно на неопределно време.

- Измени на јавниот повик за универзален снабдувач не може да се случат, тие се утврдени на владина седница и формирана е Комисија. Такви измени нема да се направат. Главната измена во моментот кога се објави повикот е дека не може да се дава процент поголем од 11,5 отсто, процент кој е постоечки од универзалниот снабдувач. Убеден сум дека со транспарентност и начинот како е објавен повикот, тој процент ќе биде под 10 отсто. Тие што ги исполнуваат условите, се повикани да учествуваат на повикот, а измени на криетриумите нема да има, подвлече министерот.

Тој, како што рече, нема информации за наводна грчка инвазија во земјава.

- Северна Македонија има отворена, транспарентна економија, и јавни повици отворени за сите заинтерсирани страни согласно критериумите и потребите на државата. Компаниите кои ги исполнуваат критериумите и барањата од страна на државните институции или фирми, можат да учествуваат на повиците, но дека има грчка инвазија не би согласил, ниту би се согласил дека може да се случи. Со Грција имаме одлични односи во делот на економската соработка, а дали тоа би се случило и во делот на енергетиката ќе зависи од критериумите, рече Бектеши. 

За Чебрен, Бектеши повтори дека во повикот нема да има никакви промени.

- Имајќи предвид дека условите се наведени кога е објавен повикот за Чебрен, одлучивме ништо да не се менува. Како што важи за универзалниот снабдувач, така важи и за Чебрен. Ако компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31-ви да го потпише договорт, а ако не, тогаш би требало да се раскине договорот иако тој не е потпишан, но ќе се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. Немам информации за приватни компании, туку за тоа што треба да направат институциите кои работат согласно јавните повици. Тој што би потпишал таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело за што ќе имаат работа судството и обивнителството, дециден е Бектеши. 

Тој на прес-конференцијата во Владата информира и дека Министерството за економија ќе предложи сите инвестиции во југозападниот регион на државата, каде се лоцирани најголемиот број термоелектрани, да бидат дополнитело поддржани од државата. Целта е, рече, да бидат регрутирани сите граѓани од тој регион, да нема невработени, со оглед на определбата за зачувувување на животната средина и зелената транзиција. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија