Нема кенгурски скок за претседателот Иванов, ќе остане во Македонија
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 13:20
Претседателот Иванов ќе ја откаже планираната посета на Австралија која требаше да ја реализира од 24 март до 4 април што придонесе за голема загриженост во македонската јавност бидејќи земјата е во длабока политичка криза.
Се шпекулираше дека Иванов патува во странство за да го избегне притисокот од меѓународната заедница од каде се погласно стигнуваат пораките да ја промени својата одлука и да му го додели мандатот на Заев кој собра 67 потписи за ново парламентарно мнозинство, а потоа ја објави и предлог владината програма според која нема нарушување на Уставот и унитарноста.
Сепак, од кабинетот на Иванов посочуваат дека политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои претседателот нема да ја реализира посетата на Австралија.
Иванов требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




