Добивај вести на Viber
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ги негираше информациите објавени во одредени медиуми дека опасната бактерија листерија била пронајдена во производите на уште три компании од месната индустрија.
„Компаниите за кои се шпекулира, се дел операторите кај кои беа детектирани позитивни мостри. Со извршената квантификација кај нив беше утврдено дека листеријата има во минимални количини, односно нивото е далеку под максимално дозволените концентрации од 100 колонии на грам предвидени со Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна (“Службен весник на Република Македонија” бр. 100/14), кој е усогласен со европските стандарди. Поточно концентацијата на листерија во нив изнесуваше помалку од 10 колонии на грам“, информираат од Агенцијата за храна, од каде бараат да не се објавуваат непотврдени информации и да не се создава уште поголема заблуда кај потрошувачите.
Инаку, според АХВ, утре ќе се знае дали изворот на бактеријата листерија од која починаа 4 лица е токму кумановската месна индустрија „Екстра Меин“ во чиј свински врат беше пронајдена бактеријата минатата недела. Примероците од храна, како и брисевите од работните површини и машини од компанијата се пратени на анализи во Институтот за јавно здравје и на Факултетот за ветеринарна медицина, а најдоцна до утре напладне ќе пристигнат резултатите од двете институции.
Првичните сознанија на докторите се дека генетскиот тип на бактеријата најден кај болните, 98 отсто се совпаѓа со онoj присутeн во вакумираниот свински врат.
Според кумановската фабрика, пак, резултатите кои веќе биле завршени попладнево потврдуваат дека во погоните на „Екстра Меин“ нема листерија, објави
Нова.
„До поплавните часови сите објавени анализи од Институтот се негативни на присуство на листерија моноцитогенес што значи дека производствениот погон на Екстра Меин не е контаминиран со бактеријата листерија“, соопштија од „Екстра Меин“, од каде исто така конечните резултати ги очекуваат во текот на утрешниот ден.
Претходно, од кумановската фабрика демантираа дека нивните производи се изворот на опасната бактерија и изразија сомневање дека примероците кај кои беше откриена листерија не биле соодветно чувани во процесот на дистрибуција.
Производството во фабриката и натаму е целосно запрено, а спорните производи се повлечени од продажба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: