01 Ноември, 2024
0.1118

НЕМА МЕСТО ЗА РУСКИОТ ЈАЗИК ВО УКРАИНА: Анкета покажа дека сè повеќе луѓе дома зборуваат украински

Објавено во: Свет 31 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Расте отпорот кон рускиот јазик во Украина и неговата употреба се намалува.  Според најновата анкета која ја објави социолошката група Рејтинг, бројот на оние кои дома почесто зборуваат украински јазик продолжува да се зголемува.

Така, денес 51 отсто изјавиле дека дома зборуваат украински (48 отсто во април 2022 година), третина ги зборуваат два јазика, а 13 отсто зборуваат руски. Повеќе од половина од жителите на југот и истокот се двојазични, околу една четвртина се руски. Употребата на рускиот јазик во секојдневниот живот е намалена за околу половина.

Украинка која живее во Македонија објаснува дека рускиот и украинскиот јазик не се слични како македонскиот и српскиот, туку  се различни како македонскиот и словенечкиот јазик. Но, таа додава дека од времето на СССР останала  доминацијата на рускиот јазик, кој се учел како задолжителен во училиштата и затоа повеќето Украинци го познаваат јазикот и без проблем го говорат. Според неа, оправдувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека го брани рускиот јазик кој според него бил загрозен во Украина, создава отпор.

„Јас зборувам руски, и моето семејство говори руски јазик, но војната доведе до отпор, и сега зборуваат украински и сите знаеме дека Путин се правдаше дека го брани јазикот, што е неосновано. Имаше и руски граѓани во Украина, кои ги кинеа руските пасоши затоа што не ја оправдуваа војната. На телевизија гледав една анкета каде момче кажува дека не сака да зборува руски јазик. Украинскиот јазик има сличности со полскиот јазик“, објаснува Украинка која живее во Македонија.

Сергеј Толстихин од Украина вели дека по 2014 година тој лично не го користи рускиот јазик, иако го познава.

„До 2014 година комуницирав на руски, а после 2014 комуницирам само на украински. Сега воопшто не зборувам руски. Мајка ми и баба ми зборуваат украински, а јас ги користев и двата јазика, но сега поради војната си зборувам само украински“, рече Толстихин.

Главната емоција што ја чувствуваат испитаниците кога размислуваат за Украина е гордоста (75 oтсто). Други вклучуваат тага (29 отсто) и радост (26 отсто). Околу 10 отсто чувствуваат интерес или страв.

Инаку, украинскиот парламент поради војната која почна на 24 февруари, со нов закон ја забранува руска литература и музика.

Пуштање руска музика на јавни места, увоз на книги  од Русија и од Белорусија - сето тоа  со закон е забрането во Украина. Забраната која ја донесе парламентот во Киев вклучува „производи на уметници или автори кои биле или се државјани на државата агресор“. Освен тоа, на руските изведувачи веќе не им е дозволено да настапуваат во Украина.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ СТОТИНА ЛУЃЕ ВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ФРАНЦИЈА: 15-годишно дете се бори за живот

НЕКОЛКУ СТОТИНА ЛУЃЕ ВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ФРАНЦИЈА: 15-годишно дете се бори за живот

ОПАСНОСТА НЕ Е ПОМИНАТА: Шпанија стравува од нови врнежи - расте бројот на жртвите во Валенсија

ОПАСНОСТА НЕ Е ПОМИНАТА: Шпанија стравува од нови врнежи - расте бројот на жртвите во Валенсија

ЕВЕ ШТО Е СТУДЕНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКА КАТАСТРОФАТА ВО ШПАНИЈА: А станува збор само за студен воздух

ЕВЕ ШТО Е СТУДЕНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКА КАТАСТРОФАТА ВО ШПАНИЈА: А станува збор само за студен воздух

(ВИДЕО) ХАОС ВО ШПАНИЈА: Сепак Римската брана стара 2.000 години ги издржа поплавите

(ВИДЕО) ХАОС ВО ШПАНИЈА: Сепак Римската брана стара 2.000 години ги издржа поплавите

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Еве како надоаѓа поплавата во Валенсија

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Еве како надоаѓа поплавата во Валенсија

КАМИОНЏИЈА ОД БАЛКАНОТ СТАНА ХЕРОЈ ВО ШПАНИЈА: Со камионот туркаше автомобил заглавен во поплавена улица

КАМИОНЏИЈА ОД БАЛКАНОТ СТАНА ХЕРОЈ ВО ШПАНИЈА: Со камионот туркаше автомобил заглавен во поплавена улица

ПОЗНАТИОТ ИДУСТРИЈАЛЕЦ ГО ШОКИРАШЕ СЕМЕЈСТВОТО СО ТЕСТАМЕНТОТ: Еве колку им остави на најблиските, а кои доби речиси сѐ

ПОЗНАТИОТ ИДУСТРИЈАЛЕЦ ГО ШОКИРАШЕ СЕМЕЈСТВОТО СО ТЕСТАМЕНТОТ: Еве колку им остави на најблиските, а кои доби речиси сѐ

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ БЕСНИ: поради реформата на данокот на недвижности, некои ќе платат и 60 пати повеќе

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ БЕСНИ: поради реформата на данокот на недвижности, некои ќе платат и 60 пати повеќе

ТРАМП ЈА КАЧИ КАМПАЊАТА НА НОВО НИВО: Одржа последен митинг со ѓубреџиски елек во камион за ѓубре, во чест на Камала и Бајден

ТРАМП ЈА КАЧИ КАМПАЊАТА НА НОВО НИВО: Одржа последен митинг со ѓубреџиски елек во камион за ѓубре, во чест на Камала и Бајден