НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

Објавено во: Економија 15 Мај, 2024 10:55
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) потврди во својот последен месечен извештај за мај, објавен денеска, дека очекува побарувачката на нафта да порасне за 2,2 милиони барели дневно (bpd) во 2024 година и дополнителен раст на побарувачката од 1,8 милиони барели во 2025 година.
Оваа прогноза не се разликува од очекувањата од претходниот априлски извештај.
Организацијата прогнозира дека светскиот економски раст ќе биде 2,8 отсто во 2024 година, а благо ќе се забрза до 2,9 отсто во 2025 година, се наведува на веб-страницата на ОПЕК.
Според очекувањата на ОПЕК, американската економија ќе порасне за 2,2 отсто во 2024 година, што е зголемување во однос на априлската прогноза за економски раст на САД од 2,1 отсто.
Прогнозата за економскиот раст на САД во 2025 година е 1,9 отсто, што е исто така пооптимистички од априлските 1,7 отсто.
Според прогнозите на ОПЕК, еврозоната ќе расте со побавно темпо, за 0,5 отсто оваа година и за 1,2 отсто следната година.
Според прогнозата, главен фактор за растот на светската побарувачка на нафта ќе биде побарувачката во земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), се додава во извештајот.
Можеби ќе ве интересира
Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид
