05 Декември, 2025
0.2638

Нема ништо од „Луково поле“ без дозвола од Албанија

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2014 18:18

Добивај вести на Viber

Проектот „Луково Поле“ нема да се гради без согласност од Тирана, ветиле македонските министри за економија и животна средина Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми пред албанскиот премиер Еди Рама. „Нема да преземеме ниту еден чекор без да ги консултираме соседите, затоа што тоа го бараат меѓународните конвенции“, рекол Адеми. Сарачини објаснувал дека Македонија се уште не побарала официјална дозвола од Албанија за проектот, бидејќи тој се уште е само идеја на хартија.Финалната студија ќе била готова во јуни, а таа ќе вклучувала и проценка на ризиците врз животната средина. Рама ги повика македонските министри на разговори за проектот за изградба на хидроцентрала во близина на македонско-албанската граница, против кој протестираа граѓанските здруженија во повеќе албански градови. Особено реакции предизвика најавата дека проектот вклучува пренасочување на текот на реката Радика. На средбата било договорено да се формира заедничка албанско-македонска група што ќе соработува на техничко ниво, која ќе најде решение што ќе биде во интерес на двете земји. Претходникот на Рама, Сали Бериша тврди дека меѓу двете соседни држави веќе има договор за реализација на овој проект, но сегашниот албански премиер тоа го негира. „Ниту еден проект нема да им ја одземе реката Радика на Албанците“, рекол Рама, порачувајќи дека Албанците полесно ќе поверуваат „дека Бериша е покомичен од Мистер Бин отколку дека е поголем патриот од Али Ахмети“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“