30 Септември, 2024
0.0253

Нема нов договор или анекс на договорот со Бугарија, информира МНР

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи(МНР) демантира дека има нов договор или анекс на веќе постоечкиот Договор за пријателство со Бугарија. 

Од МНР велат дека овие шпекулации се контрапродуктивни на напорите на двете држави за надминување на меѓусебните разлики.

Односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија продолжуваат да се развиваат согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во тие рамки, се преземаат сите потребни активности и ангажмани кои се во согласност со овој Договор, а кои пред сѐ имаат за цел продлабочување и интензивирање на билатералната соработка. Во тој контекст, е и најновата иницијатива за организирање на претстојна средба на ниво на шефови на Влада, како прв чекор за унапредување на соработката меѓу двете нови влади, внесување на нова динамика во проектите и активностите, а што е од интерес како за двете држави така и за перспективата и безбедноста на Регионот и на Европа. Министерството за надворешни работи цени дека пред објавувањето на вакви чувствителни информации, нивна првична проверка со Министерството ќе придонесе за поквалитетно информирање на граѓаните, но ќе значи и придонес во насока на поддршка на обидите за надминување на отворените прашања со нашиот сосед Бугарија“, додаваат од МНР. 

Инаку, што се однесува до македонско - бугарските односи. посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје се одложува, изјавија за БНТ од прес-центарот на Советот на министри. Сепак не се прецизира кога тој ќе ја посети Македонија. 

Претходно, Министерскиот совет за БНТ потврди дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во изолација во наредните денови.

Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание Никола Минчев има коронавирус, а премиерот Петов беше во контакт со него.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО