20 Декември, 2025
0.0540

Нема нови мерки против смогот, старите препораки остануваат до петок

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2013 22:31

Добивај вести на Viber

Нема да има поригорозни мерки за спречување на загадуввањето на воздухот во засегнатите реони. Владата одлучи до петок да го продолжи траењето на досегашните препораки со кои ги ослободува од работа бремените жени и лицата постари од 60 години. Ослободени се и астматичарите, а остануваат и препораките за непроветрување, седење дома и за возење со автобус. Од владата најавија и дека ќе прават брошури за едукација во кризните реони, односно во Скопје , Тетово , Битола и во Кичево каде што концентрацијата на ПМ 10 честичките е десет пати повисоко од дозволеното.. Како што соопшти владиниот портпарол, Александар Ѓоргиев, до петок  на сила остануваат и другите мерки поради загадувањето. Од Собранието вечерва не ги изгласа заклучоците за загадувањето на воздухот во Скопје, информација која ја побараа пратениците од опозицијата. „Владата беше подготвена да прифати некои од предложените заклучоци од страна на опозицијата со цел да се усвојат како усогласени заклучоци. Меѓутоа не успеавме да се усогласиме за некои од заклучоците. Го прифативме заклучокот број 5, 6, 7, 11 и 13 со цел да изразиме готовност за давање заеднички придонес и за изразување на заедничка вознемиреност и грижа како Парламент и како Влада“, соопшти министерот за животна средина Абдулаќим Адеми кој пак истакна дека дел од предложените заклучоци од опозицијата веќе се спроведуваат во пракса. Тој ги негираше тврдењата дека владата одлучила да го продолжи рокот за исполнување на еколошките стандарди од страна на големите фабрики за уште пет години. Во меѓувреме, сосстојбата со воздухот во повеќе градови низ Македонија останува алармантна. Според синоптичарите густата магла и смогот ќе се задржат до четврток. Еве каква е последната измерена состојба во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии