НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО ДЕБАР: Дука порача дека не е време за триумфализам
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Април, 2020
Во градот Дебар се зголемува бројот на оздравени од Ковид 19.
Веќе 12 дена нема нови заразени со коронавирусот.
Но, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука денеска изјави дека битката со невидливиот непријател не е добиена.Порача дека граѓаните не треба на состојбата да гледаат со триумфализам, туку и понатаму да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат мерките кои ги наложи Владата.
Бројката на потврдени случаи во Дебар останува на 49.
Кризната состојба не е продолжена, и животот полека ќе се нормализира.
Делегација од Владата предводена од премиерот Оливер Спасовски, вчера го посети Дебар.
Центар Жупа и Дебар беа првото жариште на коронавирусот.
Во Дебар ќе се направи анализа на имунитетот на населението.
Во земјава денес има нови 66 заразени, а дури 27 од нив се од Куманово.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.