Добивај вести на Viber
Отфрлен е предлогот за делумното отпишување на кипарскиот долг од страна на Еврогрупата. Како што изјави претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер, кастрењето на долгот на Никозија не е еден од инструментите кои во моментот ги сметаат за приоритет.
„Се согласивме...како исклучок да спроведеме делумно отпишување на долгот само во случајот на Грција, така што од моја страна, би исклучил такво сценарио за Кипар“, рече Јункер и додаде дека се надева до 21 јануари да бидат завршени преговорите за помош на Кипар.
Кипар во јуни побара меѓународна финансиска помош, откако две најголеми банки, кои беа значајно изложени на кризата во Грција, побараа државна помош откако не успеаја да ги исполнат критериумите на задолжителните резерви, кои ги бараше Унијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.