20 Декември, 2025
0.0686

Цементарницата Усје ги исполни предвидените еколошки стандарди

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2013 18:58

Добивај вести на Viber

Скопската цементарница Усје ја пушти во употреба новата пречистителна станица за атмосферски води. Инвестиција е вредна половина милион евра, а е задолжителна за А интегрираната еколошка дозвола. Како што посочија од компанијата, со пуштањето на станицата , Цементарница ги исполни сите обврски од Оперативниот план пред рокот во април 2014 година. Станицата според надлежните, ќе гарантира дека сите излезни води од Цементарница УСЈЕ ги исполнуваат во целост сите еколошки параметри според законот. „Од влезот на Титан, во модернизација и имплементирање на нови технологии вложивме над 68 милиони евра, од кои 36 милиони евра директни вложувања во унапредување на процесите во функција на заштита на животната средина,“ рече Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница Усје АД Скопје. Според вицепремиерот за економски прашања,  Владимир Пешевски, нема отстапување од барањата за запазување на еколошките стандарди. „Владата на Република Македонја е заинтересирана за развојот на економјата и бизнисот во државата, но не со ризик за животната средина. Од тој приоритет нема отстапувања. Затоа ги поздравуваме ваквите инвестиции кои обезбедуваат одржлив економски развој, а тоа е единствениот правец кој може во иднина да донесе бенифити за сите и граѓаните и бизнисот“, рече Пешевски. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми истакна дека министерството за животна средина ќе продолжи да дава поддршка на процесот на исполнување услови за еколошките дозволи. Воведувањето на Интегрираната еколошка А дозвола е обврска од Законот за заштита на животната средина. Според надлежните, Досега 130 компании имаат обврска да се стекнат со А-интегрирана еколошка дозвола. Помалку од половина ја исполниле оваа обврска.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии