НЕМА ПОРИГОРОЗНИ ЗАБРАНИ НА ДВИЖЊЕТО: Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Април, 2020 07:42
Нови 44 случаи со коронавирус е регистрирани во последното деноноќие, па
сега вкупниот број на потврдени пациенти е 329. Властите во земјава сметаат
дека дека ситуацијата и понатаму е сериозна, но велат дека земјата има
соодветна поставеност и нема потреба од воведување поригорозни мерки во однос
на ограничувањата на движењето на граѓаните. Според
последните објавени податоци, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни
состојби се лекуваат 54 пациенти, четворица се во критична состојба, а 20 освен
редовната терапија, имаат потреба само од кислородна маска. Останатите се со
лесна клиничка слика без потреба од поддршка на дишењето во смисла на
дополнителен довод со кислород.
Состојбата со коронавирусот во земјава беше тема и на вчерашната седница на националниот Совет за безбедност, на која, како што информира претседателот Стево Пендаровски, било оценето дека ситуацијата останува сложена, но дека едногласно е заклучено оти досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби.
– Сите сценарија
за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е
колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега
имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните
служби, стриктно спорведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме
навистина одговорно однесување на граѓаните, изјави вчера претседателот Пендаровски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





