18 Декември, 2025
0.1496

Нема радијација од пожарот во Трубарево, но има препорака околните жители да ги напуштат домовите: Тошковски смирува дека загадувањето е до 200 метри од жариштето

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2025 23:35

Добивај вести на Viber

Има штетни материи од пожарот во објектите на „Ф-Групација“, но на 400 метри од жариштето, загадување нема, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес конференција. Граѓаните кои живеат во близина добиле препораки да ги напуштат своите домови, а мерењето покажало дека нема радијација. 

„Од првите моменти по избувнување на пожарот, се мобилизираа сите расположливи ресурси. Се одржаа неколку итни состаноци на управувачкиот комитет кој го раководам како министер и на истите беа конкретни одлуки за делување. За гаснењето беше применета метода, гаснење со ситен песок. Пожарот е локализиран и нема опасност од проширување надвор од локалот, но е се уште активен. На лице место излезе и дирекцијата за радијациона сигурност и констатираше дека радиационо зрачење нема. Додека е констатирано дека во непосредна близина на пожарот има висока концентрација на штетни супстаница. На околу 200 метри од центарот на пожарот, загадувањето е ниско, а на 400 метри од изворот на пожарот, не е евидентирано загадување од пожарот. За да ја минимизираме опасноста на жителите кои живеат во најтесната зона околу жариштето, им посочивме да ги напуштат своите домови. За таа цел беа ставени веднаш на располагање сместувачки капацитети на Центарот за обука кој е во близина и граѓаните кои имаат потреба вечерва ќе бидат сместени“, рече Тошковски. 

Во моментов во полициска станица се вршат разговори со три лица, а за да се утврдат околностите под кои избил пожарот.

„Пожарот зафати објект во кој се складирани поголеми количини електронски и пластичен отпад. Карактеристично за ваквите пожари е тоа што складираните батерии, особено литиум јонските, како и разни метали и хемикалии создаваат екстремно високи температури при согорување и го прават гаснењето исклучително тешко и ризично. Во моментов во полициска станица се вршат разговори со три лица, сопственици и управители на објектот, за да се утврдат околностите и причините за избивање на истиот. Оперативните активности за расчистување на овој настан продолжуваат и натаму во координација со надлежниот јавен обвинител. Ваков тип на пожари не се изолиран случај само кај нас. Во изминатите години се забележани во Франција, Германија, Велика Британија, Литванија, Белгија, каде што складирањето батерии и електронски отпад предизвика сериозни пожари со огромни материјални штети и ризици по здравјето на населението. Проблемот е глобален. Ова е првпат да се случи ваков тип на пожар во Македонија, но добиваме стручна помош од домашни и странски експерти“ вели Тошковски.

Тој посочи дека од првиот момент во справување со пожарот се вклучиле полицијата, армијата, ДЗС, локалната самоуправа и општествено одговорни компании.

Поврзани вести: 

Која е „Ф-Групација“ чии објекти горат во Трубарево: Постои од 1998 година, а еве и каква е нејзината заработка низ годините

„ОБЕЗБЕДИВМЕ 2.000 МАСКИ N95“: Министерството за здравство вели дека во Трубарево има присутни и возила на итна медицинска помош

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - прво се запалила фирмата „Ф-Групација“, потоа пламените јазици ги зафатиле соседните објекти

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив